Во Скопје се одржа женско ревијално рели по повод 8 Март - Светскиот ден на жената
По повод 8 Март - Светскиот ден на жената, денес во Скопје се одржа женско ревијално рели, на кое учествуваа жени возачи од земјата. Настанот е организиран од Автомобилистичката федерација на Македонија, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.