ЛОНДОН (АА) – Настанатата катастрофателна состојба на попреченост во Франција, во последниот период , поради штрајковите и протестите, е уште една причина која се надоврзува на онаа во однос на безбедносните закани за Европското фугбалско првенство (ЕУРО 2016). На само 8 дена пред почетокот на првенството, во Франција владее состојба на општа загриженост, а нај изразена е кај фудбалските обожаватели, јавува Anadolu Agency (AA).
Франција, која успеа да ги надмине терористичките напади од ноември минатата година, при што загинаа 130 луѓе, ќе биде домаќин на ЕУРО 2016 со зајакнати безбедносни, законски и економски мерки на претпазливост. Но, новонастанатата состојба на општ хаос во државата како резултат на генералните штрајкови и протести, претставува дополнителен предмет на вознемиреност за државата во однос на можноста за ефективно снабдување на потребите и транспорт на речиси 8 милиони љубители на спортот, кои се очекуваат да пристигнат на шампионатот.
Франција, одлучи вонредната состојба, која беше донесена по ноемвриските терористички напади, да продолжи до крајот на месец јули, со цел избегнување на било какви можни безбедносни проблеми во текот на тенискиот турнир Ролан Гарос, ЕУРО 2016, и велосипедската трка Тур де Франс. Имено, Франција со еден бод плус разлика, пред 6 години ја надмина Турција, во гласањето за земја домаќин на ЕУРО 2016.
Организаторите на шампионатот издвоија буџет од 34 милиони евра за обезбедување на безбедноста при што на должност ќе бидат поставени 77 илјади полицајци, но мошне изгледно е дека истите не можат да се снајдат со состојбата на општ хаос , која владее во текот на протестите и штрајковите, зад кои стои поддшката од речиси 50 % од јавната администрација.
Според проценките кои владеат, протестите кои се со најширок замав на улиците во Париз, со сигурност ќе имаат влијание врз текот на европското првенство. Демонстрантите, кои се против реформите на законот за работници, велат дека нема да дојде до нивно повлекување се додека владата не настапи во корист на нивната иницијатива.
Реакциите, кои ќе следуваат по отпочнувањето на дебатата во Сенатот за предлог-законот за работни односи, изготвен од Социјалистичката владејачка партија, се очекува најсилно да го погодат главниот град Париз. Конечната одлука на вработените од париското метро за стапување во генерален штрајк од денес, негативно ќе влијае врз целокупниот градски превоз и пристап.
Во услови на генерален штрајк на метро, железничките и авио услужните служби ,пристапот до трибините на Стад де Франс ќе биде отежнат за фудбалските фанови, кои ќе сакаат да го следат од живо првиот натпревар од првенството меѓу Франција и Романија, на 10 Јуни.
- 90 илјади навивачи околу Ајфеловата кула
Бројот на навивачи од странство, кои се очекуваат да пристигнат во Франција за првенството се проценува на 2 милиони, додека пак секојдневно се очекува 90 000 навивачи да ја формираат “Фан зоната“ на просторот околу Ајфеловата кула.
Државата и одговорните лица ќе издвојат 17 милиони евра само за обезбедување на “фан зоните“, каде ќе бидат поставени и камери. На навивачите нема да им биде дозволено следење надвор од поставените зони.
Повеќето од картите за натпреварите се веќе распродадени, а организацијата го зголемила својот буџет за безбедносни мерки за 15 %, кој се искачил на вкупно 34 милиони евра. За безбедноста во текот на натпреварите од шампионатот, своја должност ќе завземат вкупно 42 илјади полициски службеници од кои: 25 илјади од државна безбедност, 10 илјади од полицискиот оддел на Париз, 5 илјади од гранична служба, и 2 илади од единицата за демонстрации.
Како поддршка на безбедносната организација, на готововност за евентуална вонредна состојба ќе бидат уште 30 илјади лица од жандармеријата и 10 илјади војници.
Од друга страна, САД излезе со предупредување за закана од можни терористички напади во текот на ЕУРО 2016.
„Зголемениот број на туристи во Европа во текот на летниот период, може да претставува мета за напад на терористичките организации“, беше дел од изјавата од Министерството за надворешни работи на САД.
-Британскиот печат не нагласува за протестите
Во Франција се очекува да пристигнат илјадници навивачи во поддшка на Англија, која ќе се бори за пласман во Б групата со Русија, Словачка и Велс, и токму затоа англиските телевизии и печатени медиуми преферираат во своите вести да не потенцираат за штрајковите и протестите во Франција.
Според јавното мнение, причина за намалено пласирање на вестите од француските протести се должи на британските стравувања од можноста за евентуално ескалирање на истата состојба и во Англија, поради кризата која постои во челичната индустрија од неодамна, во која се погодени речиси 15 илјади работници. Моќта на британските синдикати беше ослабена во текот на владеењето на Премиерката од Конзервативната партија, Маргарет Тачер, но новата рестриктивна политика во Британија, би можела да придонесе за нивна повторна манифестација во знак на протест.
Англија ја изрази својата силна поддршка кон Франција веднаш по ноемвриските напади, што се покажа и за време на подготвителниот фудбалски натпревар на стадионот Вембли, каде пред почетокот беше развиорено француското знаме и беше интонирана француската химна. Поддршката на Англија за соседната земја останува и во однос на организациските безбедносни мерки во текот на првенството, пружајки и можност за користење на сите видови на служби за безбедносно разузнавање.