ЗАГРЕБ (АА) - На почетокот на еднодневната официјална посета на Република Хрватска, претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алијев, се сретна со претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ. Двајцата претседатели разговараа за соработката во рамките на Европската Унија и НАТО Алијансата, како и за зајакнување на економската соработка, особено во областа на енергетиката и природниот гас, објави Anadolu Agency (АА).
Еднодневната официјална посета на претседателот на Република Азербејџан на Република Хрватска започна со свечена церемонија во Кабинетот на претседателката, со состанокот на двајцата претседатели и билатерален состанок на официјалните делегации на Република Хрватска и Република Азербејџан.
По состанокот, во присуство на двајцата претседатели, ресорните министри ја потпишаа Програмата за културна соработка помеѓу министерствата за култура на двете земји за периодот 2018 - 2020 година, а потпишан е и Меморандум за соработка помеѓу двете министерства за земјоделство.
Двајцата претседатели по средбата рекоа дека Хрватска и Азербејџан се пријателски земји и дека се важни стратешки партнери, особено по потпишаната заедничка Декларација за соработка во 2013 година во Загреб.
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ рече дека има голем простор за соработка меѓу двете земји во областа на енергетиката, економијата, културата, науката, технологијата и образованието, и изрази надеж дека ова дополнително ќе им помогне на денешните потпишани договори.
„Хрватска ќе продолжи да биде искрен пријател на Азербејџан во рамките на ЕУ, и ние секако ја поддржуваме одлуката на Азербејџан за развивање индивидуален однос со ЕУ“, изјави хрватската претседателка.
Таа додаде дека постои можност за проширување на одбранбената соработка на двете земји во рамките на потпишаниот Меморандум за билатералната соработка во 2013 година, и притоа ја истакна можноста за едукација на азербејџанските војници и офицери во хрватските воени училишта.

Двајцата претседатели се согласија дека неодамна основаната заедничка Комисија за економска соработка меѓу двете земји треба да го промовира развојот на економската соработка, која сега ја оценија за недоволна, и ја истакнаа потребата за зајакнување на трговијата, паралелно со билатералните проекти.
„Моменталната економска соработка меѓу Хрватска и Азербејџан е концентрирана на фармацевтската индустрија и енергетика“, изјави Колинда Грабар-Китаровиќ, и додаде дека денес е отворена иницијативата за подлабока соработка меѓу хрватските и азербејџанските фармацевтски компании, која, како што оцени, би ги отворило на хрватските фармацевтски компании вратите на пазарот на Централна Азија, целиот Касписки Басен, но и пошироко, вклучувајќи ги и земјите со кои Азербејџан има договори за слободна трговија.
„Хрватска е една од идните европски центри за гас, и истовремено одредените, клучните и идните енергетски коридори започнуваат од Азербејџан, како што е примерот со Трансанадолскиот гасовод. Хрватска сака да стане снабдувач на гас за Централна Европа преку Јонско-јадранскиот гасовод, долж јадранскиот брег, кој веќе во голема мера е изграден во Хрватска“, рече Колинда Грабар-Китаровиќ.
Хрватската претседателка на азербејџанскиот колега му го претстави проектот на терминалот LNG, на Крк, кој би можел да биде од интерес за Азербејџан, и го оцени како влезна точка за пазарот на Централна и Југоисточна Европа.
Таа, исто така, рече дека Хрватска е подготвена да ја преземе улогата на силни врски во енергетската интеграција на Централна, Јужна и Источна Европа.
„Азербејџан се занимава со развој на коридорот кој ќе обедини седум земји и кој се протега на 3.500 километри од Баку, и кој ќе обезбеди снабдување со природен гас“, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алијев.
Алијев порача дека очекува во наредниот период неговата земја да испорачува значајни количества природен гас на европските пазари и дека тоа ќе биде важен придонес за енергетската стабилност на Европа, при што, улогата на Хрватска ја оцени како исклучително важна.
„Изворите на гас во Азербејџан се огромни и покажуваат дека производството на гас е нашиот иден план, кој ќе го прошириме“, рече Алијев.
Тој порача дека ги зајакнуваат врските на Азербејџан со ЕУ и дека Хрватска во тој процес пружа континуирана поткрепа, а како добра ја оцени и соработката на својата земја со НАТО, во чии рамки е зголемен бројот на војници во мисијата во Авганистан, на 120.
Грабар-Китаровиќ оцени дека Азербејџан е почитуван партнер на НАТО Алијансата и рече дека го цени придонесот на оваа земја во заедничките напори за стабилизирање на Авганистан.
Алијев истакна дека е важно да се поврзе железничката врска меѓу Баку со Турција и ЕУ, која беше завршена минатата година, и рече дека тоа е најкратката рута меѓу Истокот и Западот.
„Секоја година, ние ги зголемуваме количествата стоки што се транспортираат до оваа железница. Ова е важен придонес на Азербејџан во целата европска транспортна мрежа“, рече Алијев.
Хрватската претседателка најави отворање на хрватската Амбасада во Азербејџан и затворање на привремената Канцеларија со назначување на нов амбасадор.
Претседателот на Република Азербејџан за последен пат ја посети Хрватска во 2013 година, а потоа во октомври 2016 година следуваше посета на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.
news_share_descriptionsubscription_contact


