Andjelija Stojkovic
23 Август 2017•Ажурирај: 23 Август 2017
БЕЛГРАД (AA) - Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека персоналот на амбасадата на Србија е повлечен од Скопје поради разузнавачко дејство, а оти сега е најважно како Македонија ќе се однесува во однос на прашањето за членство на Косово во УНЕСКО, јавува Anadolu Agency (AA).
„Премиерот Заев мене во Трст јасно и недвосмислено ми рече дека тие ќе се воздржат за гласањето за влез на Косово во УНЕСКО. Јас го држам за збор. Мене ми е важно колегите од регионот да се држат до зборот“, рече Брнабиќ.
Премиерката додаде дека Србија многупати и на повеќе начини покажала дека е флексибилна и толерантна.
Таа додаде дека на 26. август ќе оди на неформален состанок на претседателите на владите од земјите од Западен Балан во Драч. Тој состанок е посветен на регионалните интеграции.