Bojana Stojanovic
09 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
БЕЛГРАД
За време на протестите во Белград се повредени 19 полицајци и 17 демонстранти, изјави денеска докторката во Брза помош, Ивана Стефановиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според нејзините зборови, нема тешки трауми.
Таа за Радио-телевизијата наведе дека 12 медицински екипи биле пред Собранието на Србија.
Пред Собранието на Србија синоќа повторно беше одржан протест, кој започна пред два дена како бунт против повторното воведување на полицискиот час поради Ковид-19.
Демонстрантите прво ја срушија оградата поставена пред Собранието на Србија, а потоа со гаѓање кон кордонот на полицијата успеаја да дојдат до самата зграда. На зградата на Парламентот беа искршени прозорци. За време на протестите припадниците на полицијата употребуваа солзавец, а можеше да се види и како применуваат сила на насобраните граѓани.