Vedran Bošnjak
05 Декември 2021•Ажурирај: 06 Декември 2021
ЖИВИНИЦЕ
Во рудникот за јаглен „Ѓурѓевик“, во Босна и Херцеговина (БиХ), во саботата навечер се случи несреќа при работење, при што еден рудар смртно настрадал, додека друг рудар е повреден и е хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар „Тузла“, јавува Агенција Анадолија.
Во полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон потврдија дека за трагичниот настан се известени во саботата во 19:30 часот.
На местото на несреќата веднаш се упатиле екипите на службата за итна медицинска помош на Домот на здравје „Живинице“ и полициската патрола на Полициската управа „Живинице“.
Во тек е увид со кој раководи дежурниот кантонален обвинител на Кантоналното обвинителство на Тузланскиот кантон.
Идентитетот на смртно настраданиот рудар не е соопштен, а откако увидот ќе биде завршен ќе бидат соопштени деталите за несреќата во рудникот за јаглен „Ѓурѓевик“.
Кога станува збор за повредениот рудар во УКЦ Тузла, наведуваат дека тој е сместен на Одделот за интензивна нега и дека неговата здравствена состојба во моментот е стабилна.