Ahmet Gençtürk
23 Јули 2024•Ажурирај: 24 Јули 2024
АТИНА (АА) - Бугарија работи на нов пакет оружје за Украина, изјави вчера привремениот министер за одбрана на земјата, Атанас Запрјанов, пренесува Анадолу.
„Предложената воена помош за Украина, која се состои од вишок муниција и опрема на бугарската армија, е подготвена за разгледување и ќе биде доставена на одобрување во кабинетот многу брзо“, откри Запријанов по состанокот на бугарскиот Атлантски клуб во главниот град Софија, објави државната новинска агенција БТА.
„Пакетот содржи само малокалибарско оружје и артилериски гранати, а исклучена е секаква финансиска поддршка“, рече тој.
„Владата сѐ уште не одлучила за времето на праќање нова помош за Украина. За одлуката е потребна координација со сојузничките нации и украинските власти, по што ќе следува обезбедување на потребната логистика“, рече Запрјанов.
Привремениот премиер Димитар Главчев рече дека Бугарија активно работи на подобрување на способностите за одвраќање и одбраната на источното крило, ефикасно исполнувајќи ги своите обврски.