Shpetim Hiseni
08 Мај 2026•Ажурирај: 08 Мај 2026
Вршителката на должноста претседател на Косово, Албулена Хаџиу, го потпиша Законот за ратификација на Договорот за членство на Косово во Мировниот одбор, јавува Анадолу.
Преку објава на социјалните мрежи, Хаџиу соопшти дека го потпишала прогласувањето на повеќе закони од различни области, вклучително и Законот усвоен од Собранието на Косово за членство во Мировниот одбор формиран под иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа.
Инаку, Собранието го усвои Договорот за членство на земјата во овој меѓународен механизам со мнозинство гласови на 24 април.
Мировниот одбор беше формиран на 22 јануари во Давос, Швајцарија, преку кој САД имаат цел решавање на глобалните конфликти со фокус на надзор над раководството во Појасот Газа.
Поранешната претседателка на Косово, Вјоса Османи, беше една од 19-те светски лидери кои го потпишаа формирањето на овој одбор, чија цел е обновата на Газа по двегодишната разорна војна.
Главните парламентарни партии едногласно го поддржаа усвојувањето на овој договор, оценувајќи дека тој „го реафирмира имиџот на Косово во очите на светот“.
Косово и Албанија се единствените држави од регионот на Западен Балкан кои се приклучија на Мировниот одбор, додека од земјите на ЕУ се приклучија само Унгарија и Бугарија.