Gorana Jakovljevic
01 Декември 2020•Ажурирај: 01 Декември 2020
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа потврдени се 1.115 случаи на коронавирусот, додека починаа 45 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Податоците не го вклучуваат дистриктот Брчко.
Во ентитетите Федерација БиХ и Република Српска во последните 24 часа реализирани се 3.370 тестирања за коронавирусот, од кои 33,1 отсто се позитивни примероци.
Во изминатите 24 часа, до Заводот за јавно здравство на Федерацијата БиХ пријавени се 2.476 примероци, од кои 780 позитивни на САРС-КоВ-2. Нови случаи се регистрирани во сите кантони/окрузи во Федерацијата БиХ.
Досега се тестирани вкупно 279.449 примероци, а вирусот е потврден кај 56.908 лица. Заклучно со денешниот ден, во Федерацијата БиХ излекувани се 37.867 пациенти, а во изминатите 24 часа регистрирани се 573 оздравени пациенти. Во моментов, активни се 17.464 случаи позитивни на САРС-КоВ-2.
Во изминатите 24 часа, до Заводот пријавени се 25 нови смртни случаи. Вкупниот број на починати на подрачјето на Федерацијата БиХ е 1.577.
Во последните 24 часа во лабораториите на подрачјето на Република Српска тестирани се 894 лабораториски примероци, а новиот вирус потврден е кај 335 лица во овој ентитет.
До Институтот за јавно здравство на Република Српска пријавени се 20 смртни случаи кај кои е потврдено присуството на Ковид-19.
Досега во Република Српска потврдени се 30.287 случаи на коронавирусот, а починаа вкупно 1.068 лица кај кои е потврден новиот вирус. Досега од Ковид-19 оздравени се вкупно 15.017 лица, а тестирани се вкупно 133.383 лица.