Vesna Besic
13 Мај 2022•Ажурирај: 14 Мај 2022
ЉУБЉАНА (АА) - Во тек е истрага за причините за експлозијата што се случи вчера во хемиската фабрика „Меламин“ во центарот на Кочевје, Словенија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Пожарникарите вчера попладне пронајдоа пет исчезнати лица, кои не ја преживеаја несреќата“, соопшти претходно полицијата.
„Во несреќата загинаа шест лица, а едно лице сѐ уште се бори за живот“, јави словенечката СТА.
Властите ги советуваа сите жители на областа да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор за време на интервенцијата.
Компанијата, која е еден од најголемите работодавачи во регионот, главно се занимава со производство на смоли за бои и лакови и во дрвната, градежната и текстилната индустрија.