Zylfije Adem Jakupi
04 Октомври 2020•Ажурирај: 05 Октомври 2020
ПРИШТИНА
Во Косово во последните 24 часа тестирани се 567 примероци сомнители на коронавирус, од кои кај 56 е детектиран Ковид-19, известува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Националаниот институт за здравје на Косово, последното деноноќие 56 лица биле позитивни на Ковид-19, а во истиот период нема смртни случаи предизвикани од заразеност со коронавирусот.
Од почетокот на паднемијата досега се спроведени 70.219 тестирања, од кои 15.814 биле позитивни, а 630 лица починаа како последица на заразеност со Ковид-19.
Во текот на последните 24 часа оздравеа 69 пациенти, додека вкупниот број на оздравени лица се искачи на 13.856. Во моментов активни се 13.856 случаи на зараза со новиот тип на коронавирус.