Almir Terzic,Lejla Biogradlija
29 Јули 2022•Ажурирај: 30 Јули 2022
ЉУБЉАНА (АА) - Шумските пожари во регионот Крас во Словенија открија 1,6 тони неексплодирана муниција од Првата светска војна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадено од Канцеларијата за заштита и спасување се наведува дека во регионот каде што е настанат шумскиот пожар, пронајдени се 260 неексплодирани парчиња муниција од Првата светска војна, во тежина од 1,6 тони.
Меѓу другото, во соопштението се посочува дека наведената муниција е внимателно отстранета од подрачјето на пожарот и дека продолжуваат работите за да се утврди дали има друга муниција на подрачјето.
Се нагласува дека огненото подрачје претставува уште поголема опасност поради неексплодирана муниција.
„Гранатите што горат не експлодираат веднаш. Доаѓа до експлозија откако ќе зовријат. Тоа може да трае половина час“, се додава во соопштението.