Husamedin Gina
10 Мај 2020•Ажурирај: 11 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 20 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата од почетокот на епидемијата достигна 1.642, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Денес, Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти, а досега од вирусот излекувани се вкупно 1.136 пациенти.
Министерството за здравство соопшти и дека во изминатите 24 часа направени се 275 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега во земјата се извршени 19.096 тестирања. Бројот на активни случаи изнесува 415.
Во изминатите 24 часа, според Министерството за здравство, не се регистрирани смртни случаи од коронавирусот.
Според владините мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час на сила е секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 5:00 часот наутро. Во текот на викендите, почнувајќи од вчера (9.5), во саботите и неделите граѓаните исто така ќе можат да се движат во периодот од 05:00 часот до 19:00 часот.