Dzihat Aliju
14 Август 2026•Ажурирано: 14 Август 2026
Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопштија надлежните од земјата, по речиси еден месец од состојбата настаната со загадувањето на водата во оваа општина, јавува Анадолу.
Главниот штаб за управување со кризи одржа седница за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод.
По седницата, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов рече дека од денес водата во Гостивар може да се користи за пиење.
На граѓаните им се препорачува добро да ја истечат водата од чешмите пред да ја користат за пиење.
Водата во Гостивар беше забранета за пиење од 17 јули. Институциите утврдија дека со пумпи била внесувана вода со фекалии во градскиот водовод.
Заразени беа над 5.000 граѓани, а на 19 јули беше прогласена епидемија.
Владата на Северна Македонија на 21 јули донесе одлука за прогласување кризна состојба во Општина Гостивар во рок од 30 дена.
Водата во Општина Гостивар од 27 јули можеше да се користи за бањање и за сите останати потреби во домаќинството.