Ekip
14 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
АТИНА (АА) - Илјадници вработени во јавниот и приватниот сектор како и студенти во Грција, во рамките на еднодневниот штрајк протестираа против мерките за штедење на владата, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 15 илјади граѓани на повик на Грчката Федерација на вработените во јавниот сектор (ADEDY), Генералната конфедерација на синдикатите на работниците (GSEE) и Работничкиот воен фронт (PAME) се собраа на плоштадот Омониа во главниот град на земјата, Атина, и маршираа кон плоштадот Синтагма каде се наоѓа грчкиот парламент.
Демонстрантите извикуваа пароли против мерките на штедење на владата и протестираа против буџетот за 2018 година.
Покрај вработените од јавниот и приватниот сектор, меѓу демоснтрантите се наоѓаа и студенти.
Демонстрантите побараа да не им се одзема правото на штрајк, откажување на намалувањата на пензиите, како и зголемување на минималната плата.
Група граѓани, која носеше знамиња на Палестина, протестираше пред амбасадата на САД во Атина против одлуката на САД за Кудс.
- Генералниот штрајк негативно влијае врз животот во земјата -
Голем број сектори во главниот град не функционираат поради штрајкот на кој учествуваат вработените од јавниот сектор, здравството, наставниците, новинарите, нотарите, адвокатите како и вработените во транспортниот сектор.
Во болниците работат само ургентните услуги, додека основните и средните училишта се затворени.