Derya Gülnaz Özcan
03 Јануари 2025•Ажурирај: 04 Јануари 2025
АТИНА (АА) - Грчката Служба за метеорологија објави извештај кој ги вклучува податоците за температурите и врнежите во текот на 2024 година, известува Анадолу.
Според извештајот, највисоката температура во годината била измерена на островот Крит на 13 јуни и изнесувала 44,5 степени. Најниската температура изминатата година изнесувала 19,8 степени под нулата и измерена е во градот Лерин на 22 јануари.
Најголемото количество врнежи во еден ден е забележано во близина на манастирот „Симон Петра“ кај Халкидики, каде што паднале 435 милиметри дожд.
„Зимата 2023-2024 година беше најтоплата зима во историјата на Грција и летото 2024 година беше најтоплото лето во историјата на земјата“, се вели во извештајот.