Derya Gülnaz Özcan,Tevfik Durul
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
АТИНА
Вработените во метросообраќајот и трамвајскиот сообраќај во Грција стапија во еднодневен штрајк во знак на протест поради смртта на колега во несреќа при работа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според грчката државна агенција АМНА, 24-часовен штрајк е најавен во заедничко соопштение на Синдикатот на грчките железници.
Вработените преку соопштение повикаа на зголемени заштитни мерки за спречување на несреќи при работа.
Се истакнува дека вработените на овој начин сакаат да се простат од својот колега кој го загуби животот.
„Бараме да се расветлат причините за несреќата и да се казнат одговорните“, се вели во соопштението.
Во несреќата што се случи на 16 ноември, приватно возило, кое работело на одржување на шините, удрило во возило на метрото кое било без патници поради дефект на сопирачката, при што загинал 41-годишен работник.