Derya Gülnaz Özcan,Tevfik Durul
05 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
АТИНА
Министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, истакна дека третата доза може да биде задолжителна за добивање на сертификат за вакцина против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за каналот АНТ1 (ANT1), Плеврис истакна дека сертификатот за вакцина што се користи во Грција е сертификат што се користи низ Европската Унија (ЕУ) и дека ниту една земја не може сама да ги промени условите за овој сертификат.
„Разговаравме и на неформалниот состанок на министрите за здравство на ЕУ. На состанокот што ќе го одржиме во декември ќе оцениме какво место ќе заземе третата доза во сертификатите на ЕУ“, нагласи министерот Плеврис.
Наведувајќи дека шест месеци по давањето на втората доза на вакцината, имунитетот на Ковид-19 значително е намален, Плеврис додаде: „Може ќе биде потребна трета доза вакцина шест месеци по аплицирањето на втората доза за да важат моменталните сертификати за вакцина против Ковид-19.“
Администрирањето на третата доза вакцина во Грција започна во септември, а приоритет имаа старите и ризичните групи. Сите граѓани над 18 години од денеска можат да аплицираат за трета доза вакцина на соодветната дигитална платформа.