Vesna Besic
06 Март 2023•Ажурирај: 09 Март 2023
АТИНА (АА) - Во Атина се одржа комеморација за загинатите во железничката несреќа во Грција, јавува Анадолу.
Студентите на Универзитетот во Атина поставија 57 столчиња во спомен на жртвите од големата трагедија во оваа земја. Празни столчиња и каранфили беа поставени пред зградата на грчкото Министерство за инфраструктура, транспорт и мрежи.
Речиси седум дена по најсмртоносната железничка несреќа во грчката историја, протестите продолжуваат на улиците на Атина. Граѓаните бараат казна за одговорните за оваа трагедија.
Во вторникот на северот на Грција се случи железничка несреќа. Патнички воз со повеќе од 350 луѓе се судри со товарен воз во Темпи, во близина на градот Лариса, при што предните вагони излетаа од шините и се запалија. Десетици патници се хоспитализирани.