Stipe Mayiç
26 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
ЗАГРЕБ (АА) - Две лица смртно настрадаа, а по петмина се води потрага по тешката поморска несреќа што се случи синоќа во Колочепскиот канал, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што засега се достапни, синоќа се судриле службено пловило на Пристанишната капетанија на Дубровник „Данче“ и гумен чамец со повеќе членови на екипажот во Колочепскиот канал, се вели во соопштението од Министерството за море, сообраќај и инфраструктура.
Во гумениот чамец со засега непознати регистерски ознаки, се превезувале угостители, вкупно девет лица со хрватско државјанство.
Поморската несреќа се случила во момент кога службениот брод на Пристанишната капетанија од Дубровник бил ангажиран во акција за итен медицински транспорт кон островот Млет.
На местото на несреќата, од морето се спасени две лица со помали телесни повреди, а две лица се пронајдени мртви.
По останатите пет лица интензивно се трага.
Министерот за море, сообраќај и инфраструктура, Олег Бутковиќ и соработниците денес се состанува со водачите на истражните тимови.