Zlatan Kapiç
08 Јули 2019•Ажурирај: 08 Јули 2019
САРАЕВО (АА) - Претседавачот и членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, денеска во Сараево остварија средба со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, кој претстојува во дводневна посета на Босна и Херцеговина, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес околу пладне допатува на Меѓунардониот аеродром во Сараево во придружба на сопругата Емине Ердоган, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за одбрана Хулуси Акар и министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан, во дводневна посета на Босна и Хецеговина.
Турскиот претседател по доаѓањето ја посети и турската воена мисија при ЕУФОР, каде што имаше свечен ручек со војниците.Турскиот претседател потоа ги посети и шехидските гробишта Ковачи каде што положи цвеќе на гробот на првиот претседател на БиХ, Алија Изетбеговиќ.
Ердоган потоа оствари средба со претседавачот со Домот на народите при Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина и лидер на Партијата за демократска акција (СДА), Бакир Изетбеговиќ, како и со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.
Утре, на вториот ден од посетата, турскиот претседател ќе присуствува на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), а на маргините на самитот би требало да се сретне и со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.
Во придружба на сопругата Емине Ергодан, турскиот претседател во Сараево треба да присуствува и на испраќањето на посмртните останки на жртвите од геноцидот во Сребреница, кои ќе бидат погребани во Поточари на 11 јули, на 24-та годишнина од тоа злосторство.