Wassim Samih Seifeddine,Mehmet Nuri Uçar,Ali Semerci
24 Август 2024•Ажурирај: 26 Август 2024
БЕЈРУТ (АА) - Осум лица, меѓу кои и едно дете, се убиени вчера во нападите извршени од израелски воени авиони на југот на Либан, известува Анадолу.
Според веста на официјалната либанска агенција ННА, Израел изврши воздушен напад врз местото Таир Харфа во подрачјето на градот Тир, во јужниот дел на Либан.
Во овој напад убиени се 5 лица.
Едно лице го загуби животот во израелски напад чија цел беше возило на автопатот Хамадије на југот од земјата.
Либанското Министерство за здравство соопшти и дека 2 лица, меѓу кои и едно 7-годишно дете, се убиени во воздушниот напад на израелската армија врз градот Ајта ал Џебел.
Судирите и меѓусебните напади меѓу израелската армија и либанскиот Хезболах долж граничната линија започнаа на 8 октомври 2023 година.