İhvan Radoykov
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
КРЏАЛИ (АА) – Во Бугарија е одржана комеморација во спомен на Турците и муслиманите што ги загубија своите животи при обидот за нивна асимилација по падот на комунистичкиот режим во Бугарија во 1989 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Се одржа комеморација по повод 32-годишнината од масакрот од страна на режимот, над Турците кои го претставуваа мозинското население во селото Могилјане и во градчето Местанли, во Кирџали. На комеморацијата беа читани молитви, а потоа и поезија, и беше истакнато дека болното минато не е заборавено.

Церемонијата на која присуствуваше дипломатски кор од АК Партијата од Турција, како и раководители на невладини организации, започна со посета на вечното почивалиште на бебето Туркан, како и на другите загинати.
Во рамките на оваа церемонија беше одржан и настан пред спомен-чешмата Туркан во селото Могилјане. На овој настан се обрати претседателот на групата за пријателство меѓу парламентите на Турција и на Бугарија, и пратеник на АК Партијата во Истанбул, Азиз Бабушчу, кој рече: „Ако прокрвари еден прст на кој било наш сонародник, нашите срца и нашата болка не остануваат рамнодушни на тоа. Доколку е потребно да се направи нешто, тогаш тоа ќе го направиме трчајќи и силно извикувајќи“.
Тој нагласи дека Турците што се бореа за слобода и демократија во 1984 година, запалија факел којшто ја симболизира оваа борба и според него, тој факел продолжува да гори. „Вие не само што го носите факелот на потребата за слобода, истовремено го носите и факелот на демократијата во Бугарија“, истакна Бабушчу.
Тој исто така ги пренесе поздравите од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. „Без умор и откажување бевте пионери на едно ново политичко движење и во преден план го изнесовте својот кадар“, рече Бабушчу.
Алудирајќи на партијата Демократи за одговорност, слобода и толеранција (ДОСТ), од која поголемиот број членови се Турци, Бабушчу рече:
„Сега, на пат тргна едно ново политичко движење со толку убаво име – ДОСТ (пријател), кое ќе создаде услови за подобра иднина за вашите деца, кои нема да имаат потреба да бараат просперитет, права и слободи во Бугарија и секој со гордост ќе може да каже дека е Турчин“.
Амбасадорот на Турција во Софија, Сулејман Ѓокче изјави: „Не заборавајте, 80-милионската пријателска Турција, не е со вас само вчера, денес и утре, туку со вас ќе биде до судниот ден. На крајот на краиштата, сите ние сме неразделен дел од едно семејство“.
Лидерот на партијата ДОСТ, Лутви Местан потсети дека за време на падот на комунистичкиот режим во Бугарија, стотици илјади сонародници имигрирале во Турција. „Престанете да гледате лошо на нашата мајка – Турција“, рече Местан и додаде: „Нема повеќе да се плашиме од никого. Ние со Турција ќе бидеме во братски дијалог, рака под рака. Да не се сомневате во тоа. Ние ја бараме вистината, a таа ќе нѐ пронајде нас. Среќен е оној што вели дека е Турчин!“
Во меѓувреме, припадниците на партијата Движење за права и слобода (ДПС) чекаа на истиот терен за да ја одржат својата церемонија, а во заднина беше пуштена музика. Водителот на програмата на партијата ДОСТ реагираше да се сопре новогодишната музика, за да се продолжи со програмата.
Одговорните од партијата ДОСТ нагласија дека на оваа церемонија не треба да се веат знамиња на партии, затоа што таа е симбол на заедничка болка што целото општество треба да ја сподели, притоа надминувајќи ги партиските обележја.
На настанот, како гости на Лутви Местан, присуствуваа претседателот на групата за пријателство меѓу Парламентите на Турција и на Бугарија и пратеник на АК Партијата во Истанбул, Азиз Бабушчу, градоначалникот на општина Зејтинбурну, Мурат Ајдин и градоначалникот од АКП за Есенјурт Неџми Кадиоглу.
Гости на партијата Движење за права и слобода (ДПС) беа генералниот секретар на Републиканската Народна Партија (ЏХП) Камил Окјај Синдир, пратениот на ЏХП за Едирне, Ердин Бирџан, пратеникот за Текирдаг, Емре Копрулу, пратеникот за Јалова, Мухарем Инџе, како и пратеникот за Киркларели, Веџди Ѓундогду.