Zylfije Adem Jakupi
13 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Премиерот на Косово Авдулах Хоти соопшти дека Владата на Косово денес изводи 1.1 милиони евра за помош на компанијата Трепча која е во многу тешка ситуација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хоти на прес-конференцијата рече дека ситуацијата е тешка делумно поради глобалната пандемија и неможноста на Трепча да ги продава своите производи на светските пазари поради цените на акциите, а делумно и поради неефикасно управување со оваа компанија.
„Од година во година ја субвенционираме оваа компанија во контекст на капиталните инвестиции во значителен износ од околу седум милиони евра, но и покрај тоа, во оваа ситуација, во која е сега „Трепча", моравме заедно да направиме привремено решение со Управниот одбор на „Трепча" за да ја надминат ситуацијата и да овозможат понатамошно работење на оваа компанија", рече Хоти, соопштено е од Владата на Косово.
Хоти нагласи и дека верува оти оваа помош од 1.1 милион евра која Владата ја пружа со парите на даночните обврзници, за рударите и компанијата „Трепча" ќе овозможи кризата да се надмине.
Рударите од рудникот „Стари Трг" во Митровица протестираа во средата поради ота што платите за октомври не се исплатени, а како што тогаш е соопштено од менаџментот, оваа компанија остана без средства.