Zülfiya Yakup
14 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
ПРИШТИНА (АА) - Косовската служба за дистрибуција на електрична енергија (KEDS) денес ги додели дипломите на студентите од третата генерација на академијата КЕДС. На свечената церемонија одржана, врачени им се дипломи на 44 студенти, јавува Anadolu Agency (AA)
На церемонијата присуствуваа министерот за развој, Блеранд Ставилечи, министерот за јавна адмонистрација Махир Јагчилар, ректорот на Приштинскиот универзитет Марјам Дема, претседателот на Управниот одбор, директорот на Чалик холдинг, Ахмет Чалик, и бројни други претставници на КЕДС, студенти и професори.
Основачот на програмата на академијата КЕДС, Месут Серхат Динч изјави дека оваа академија е основана со идејата дека образованието е најдоброто оружје за промена на светот.
„Почнавме да ја отвораме вратата за младите од Косово кои ќе го добијат потребното знаење и со потребниот менталитет како би го менувале светот", рече Динч.
Почесниот претседател на Управниот одбор на Лимак груп, Нихат Оздемир рече дека целта е позитивно да се придонесе за секоја земја во којашто се инвестира. Оздемир нагласи и дека Косово за Турција е секогаш посебна земја.
„Младото косовско население е многу важен потенцијал, но многу е важно овие генерации добро да се едуцираат и да се подготват за иднината. Во таа смисла, академијата КЕДС игра многу важна улога и претставува добар пример“, рече тој.
КЕДС има ексклузивно право на дитрибуција на електрична енергија на Косово и е во сопственост на големите турски компании Чалик холдинг и Лимак груп.