Agim Sulaj
21 Септември 2021•Ажурирај: 22 Септември 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 7 лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.912, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 173 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 159.328.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 5.095 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.164.636 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 148.781 лице. Во моментов во земјата има 7.635 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.193.786 дози од вакцините против Ковид-19.