Dzihat Aliju
01 Септември 2026•Ажурирано: 01 Септември 2026
Министерот за здравство на Северна Македонија, Сашо Клековски информираше дека епидемиолошката состојба со западнонилската треска се смирува, а преземените мерки и засилената координација меѓу Министерството, здравствените институции и општините даваат резултат, јавува Анадолу.
Клековски и директорот на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана информираа за состојбата со западнонилска треска во земјава.
„Во земјава досега се потврдени вкупно 53 случаи на западнонилска треска. Податоците покажуваат дека просечното времетраење на болничкото лекување изнесува 14 дена, а најкраток период до отпуштање бил осум дена. Институциите континуирано ја следат состојбата, а координираното постапување на централно и на локално ниво придонесува за нејзино стабилизирање“, истакна Клековски.
Цана, од друга страна, информираше дека во моментот пет пациенти се лекуваат на одделот за интензивна нега.
„Тројца од нив се екстубирани и нивната здравствена состојба е подобрена. Досега 28 пациенти се излекувани и отпуштени од болничко лекување“, рече Цана.