Ekipa
06 Февруари 2023•Ажурирај: 07 Февруари 2023
СКОПЈЕ (АА) – Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, изрази сочувство до Туркије по разорниот земјотрес што ги зафати јужните делови на земјата, пренесува Анадолу.
„Шокиран од разорниот земјотрес во Туркије и Сирија утринава, што резултираше со стотици жртви“, напиша Османи на Твитер.
До својот турски колега, министерот Мевлут Чавушоглу, тој упати „најдлабоко и искрено сочувство и желби за брзо закрепнување на повредените“, и изрази подготвеност за пружање помош.
Разорен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ги погоди јужните региони на Туркије.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во округот Пазарџик Кахраманмараш, по што уследија 42 последователни потреси на тлото, од кои најсилниот беше со јачина од 6,6 степени според Рихтер.
Земјотресот е почувствуван во многу градови на југот на Туркије, особено во областите Кахраманмараш, Хатај, Османије, Адијаман, Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Малатија и Адана.
Потпретседателот на Туркије, Фуат Октај, соопшти дека во земјотресот во подрачјата на 10 градови загинале 284 лица, а 2.323 се повредени.