Zylfije Adem Jakupi
27 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
ПРИШТИНА
На Косово последните 24 часа починаа 8 пациентни од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19, додека регистрирани се рекордни 276 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Најновите податоци на Националниот институт за јавно здравје на Косово покажуваат дека од 404 тестирани лица сомнителни на коронавирус, 276 биле позитивни. Најмногу позитивни на коронавирусот има во Приштина, 61.
Досега се тестирани 34.720 лица, од кои 7.413 биле позитивни, а 185 заразени ги загубија животите. Оздравеа 153 лица, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 4.027. Моментално се активни 3.201 случај.