Bojana Stojanovic
19 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
БЕЛГРАД (АА) - Новинарот од Бела Црква, Стефан Цветковиќ, денеска повика на меѓународна истрага за неговото исчезнување, тврдејќи дека тој бил киднапиран од страна на три лица, од кои едното имало оружје и службена легитимација, јавува Anadolu Agency (AA).
Цветковиќ рече дека кај него е капата со која му било покриено лицето, наведувајќи дека ќе ја предаде на една или на две странски амбасади поради превентива и дека од овие дипломатски претставништва ќе побара меѓународна истрага.
Запрашан зошто капата не ја дал на полицијата и дали тоа значи дека тој не верува во надлежните органи во Србија, тој не даде јасен одговор, но рече дека и капата и телефонот биле на безбедно и дека полицијата не побарала да ги задржи. Тој додаде дека при киднапирањето не бил тепан и малтретиран.
Цветковиќ изјави дека од понеделникот има 24-часовно полициско обезбедување поради проценката дека неговата безбедност може да биде загрозена.
Новинарот Цветковиќ исчезна ноќта меѓу средата и четвртокот минатата недела, а според неговите изјави, бил пронајден во петокот, од кога бил безбеден и за него се грижела полицијата.