Derya Gülnaz Özcan
13 Март 2025•Ажурирај: 14 Март 2025
АТИНА (АА) - Новиот грчки претседател Константинос Тасулас положи заклетва, известува Анадолу.
Новиот грчки претседател Константинос Тасулас, кој е избран за претседател во грчкиот Парламент на 12 февруари, положи заклетва и ја презеде новата функција на церемонијата што се одржа денеска во Парламентот на Грција.
Со церемонијата за полагање заклетва што се одржа во Претседателството, Тасулас ја замени на претседателската функција Катерина Сакеларопулу.
Тасулас минатиот месец во Парламентот беше изгласан за нов претседател добивајќи ја поддршката на 160 од 300 пратеници.
Тој е роден во 1959 година, а трипати претходно беше избиран за претседател на Парламентот пред да се кандидира за претседател. Тој беше избран за претседател на грчкиот Парламент со највисока парламентарна поддршка досега.
Беше принуден да поднесе оставка од функцијата претседател на Парламентот, откако беше номиниран за претседателски кандидат од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Тасулас, кој студирал право, првпат влезе во политиката во 1990-тите, а за пратеник беше избран во 2000 година.