Besar Ademi
14 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за локална самоуправа на Македонија, Сухејл Фазлиу, на прес-конференција соопшти дека од вчерашниот ден е објавен првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово, кој ќе биде отворен до 28 јули оваа година, јавува Anaolu Agency (AA).
Фазлиу нагласи дека во рамките на овој јавен повик на располагање се 2 милиони и 40 илјади евра од Европската унија (ЕУ) за проектите на двете соседни земји. Тој додаде дека кофинансирањето во сума од 15 отсто од средствата ќе бидат обезбедени од институцијата што тој ја води.
Фазлиу истакна дека обезбедените средтсва од страна на ЕУ се наменети за проектите за два области, еден милион за конкуренција и развој на малите и средните претпријатија, еден милион за проектите за развој на туризмот како и културното и природното наследство.
Министерот Фазлиу пренесе дека до 2020 година за спроведување на програмата за прекуграничната соработка со Косово во располагање се вкупно 8.5 милиони евра, со Албанија 12 милиони евра, со Грција 45 милиони евра, со Бугарија 19.5 милиони евра, како и пет милиони евра за Македонија и Албанија за Транснационалната програма Балкан-Медитеран.
„Поддршката од страна на Европската унија е многу значајна за Македонија. Ќе се потрудиме максимално да ја искористиме, бидејќи реализирањето на овие проекти има за цел социјалната и економската интеграција на сите граѓани во општеството, како и интеграција на земјата во НАТО и во Европската унија, кој е мировен приоритет на оваа влада“ вели Фазлиу.
Инаку, за првиот јавен повик за прекугранична соработка меѓу Македонија и Косово ќе можат да аплицираат граѓанските здруженија, општините, централните плански регии, универзитетите, училиштата, како и другите непрофитабилни субјекти од Полошката, Скопската планска региja, како и од североисточниот регион.