Adel Omeragic
02 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ПОДГОРИЦА (АА) - Службениците на црногорската полиција, врз основа на меѓународна потерница на Националното централно биро „Интерпол“ - Загреб, го уапсија Саша Синѓелиќ (38) од Србија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е соопштено од Управата на полицијата, меѓународната потерница за Синѓелиќ е распишана заради издржување затворска казна во времетраење од 21 година, на која е осуден поради кривични дела убиство и тешка кражба извршени на територијата на Хрватска.
„Синѓелиќ е спроведен до судијата за истрага на Вишиот суд во Подгорица, кој му одреди екстрадициски притвор“, се наведува во соопштението.
Синѓелиќ е сведок соработник во судскиот процес против 14-те обвинети за обид за државен удар на денот на последните парламентарни избори во Црна Гора. Тој во Црна Гора влегол илегално, каде што побара политички азил.