Admir Fazlagic
30 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
СКОПЈЕ
Поранешниот претседател на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Република Северна Македонија, Сулејман Реџепи, преку писмено соопштение објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата реис-ул-улема на ИВЗ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Последниве денови во јавноста се пласираа редица дезинформации и се одвиваше кампања којашто јас ја сметам за нецивилизирана а којашто се однесуваше на мојата личност при што се нанесоа сомнежи на мојата активност и ангажирање на чело на ИВЗ во Република Северна Македонија", вели Реџепи во соопштението објавена на официјалниот профил на ИВЗ на социјалната мрежа Фејсбук.
„Како верски водач и човек длабоко сум трогнат од оваа навредлива кампања но во ниту еден момент не го оспорив правото на било кој да го изнесе своето мислење и став, свесен и уверен дека Единствениот и Конечен Судија за делата за секој човек е и ќе биде секогаш единствено семоќниот Алах", наведува Реџепи во соопштенето.

Меѓу другото, во соопштението, Реџепи пишува дека „работел и творел екслузивно во ИВЗ на РСМ нејзе и го посветил животот и својот анганжман чии траги се видливи и опипливи насекаде."
„Сето тоа го сметам како траг што ја следеше мојата кариера во ИВЗ на РСМ притоа не негирајќи ја можноста за некоја евентуална грешка што можела да се појави при моето работење а за која барам прошка од Бога и од нашите верници", нагласува Реџепи и додава:
„Преку ова мое соопштение ја известувам јавноста дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата реисул улема на ИВЗ во РСМ нагласувајќи притоа дека за мојата досегашна работа одговарам пред Бога и спремен сум да одговарам пред Законот."
Потсетуваме, на 27 мај, Ријасетот на Исламската верска заедница (ИВЗ) на Северна Македонија оддржа вонредна седница на која донесе одлука за разрешување на досегашниот претседател Сулејман Реџепи.
„До подготвување на условите за нови избори за претседател на ИВЗ, вршител на должноста се поставува хаџи хафиз Шаќир Фетаху, гостиварски муфтија. Оваа одлука стапува во сила од моментот на донесувањето", Шаќир рече Фетаху, во изјава за медиумите по седницата на Ријасетот.