Zylfije Adem Jakupi
29 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Премиерот на Албанија Еди Рама престојува во официјална дводневна посета на Косово за да ги сослуша албанските лидери во врска со непотврденото обвинение за воени злосторства насочено кон претседателот на Косово Хашим Тачи и лидерот на ПДК Кадри Весели, кои специјалното обвинителство ги предаде на испитување.
Премиерот Рама на одвоени средби го примија претседателот на Косово Хашим Тачи, претседателката на косовското Собрание Вјоса Османи и премиерот на Косово Авдула Хоти. Рама се состана и со поранешниот премиер и лидер на „Самоопределување“ Албин Курти и лидерот на Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа. По средбите немаше изјави за медиумите.
Состанокот на Рама со Тачи одржан е само еден час пред првото јавно обраќање на претседателот Тачи по повод обвинението. Еди Рама претходно на социјалната мрежа Твитер објави дека причина за неговата посета на Косово е да ги сослуша и да дознае повеќе за обвинението на Специјалното обвинителство кое ќе „влезе како срамна дамка на 21. век во светската историја на правосудството, бидејќи праксата на јавно обвинување без правно основа беше карактеристика на епохите на владеење на идеологиите или пред нив“.
Да потсетиме, минатата недела објавено е дека Специјалното обвинителство во Хаг на 24. април до Специјалните совети на Косово поднелоно на испитување обвинение со кое претседателот на Косово Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весели и други лица „се теретат за низа злосторства против човечност и воени злосторства.“
Во соопштението на Владата на Косово по состанокот на Рама и Тачи се наведува дека Косово и Албанија ги имаат сите можности за продлабочување на соработката, и дека Владата на Косово природно ја смета Албанија за најблизок и стратешки партнер во процесот на постигнувањето на целите за евроатлантска интеграција.
Премиерот на Косово Хоти зборувајќи за новонастанатата ситуација создадена во земјата, повтори дека Република Косово веќе има докажана иституционална култура достоинствено да се соочи со такви предизвици, што сигурно не е лесно.
„Одлучни сме да го продолжиме процесот на дијалог со Србија, за да можеме да постигнеме траен договор за мир и стабилност, кој ќе резултира со меѓународно признавање на двете земји“, рече Хоти.
Премиерот на Албанија Рама и даде целосна поддршка на албанската влада, институциите и народот на Косово. „Албанија стоеше и секогаш ќе стои покрај Косово“, рече Рама, нагласувајќи дека Албанија и во иднина ќе му помага на Косово во сите процеси.
Премиерот Рама го повика косовскиот колега Хоти во официјална посета на Албанија во петок, 3. јули.