Zülfiya Yakup
11 Мај 2017•Ажурирај: 11 Мај 2017
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Албанија, Бујар Нишани, денес ја започна својата официјална посета на Косово, на покана на косовскиот претседател Хашим Тачи, јавува Anadolu Agency (AA).
На албанскиот претседател во заминување му е подготвен свечен пречек, со почесна гарда на косовските Безбедносни сили, на плоштадот "Ибрахим Ругова" пред Собранието на Косово.
Во тек е заедничкиот состанок на делегациите на двете земји, а потоа двајцата претседатели ќе одржат заедничка прес-конференција. Нишани денес ќе се сретне и со косовскиот премиер во оставка, Иса Мустафа.