Husamedin Gina
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале уште 4 лица, со што вкупната бројка на починати пациенти во земјата се искачи на 65, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изминатите 24 часа, како што соопшти Министерството, потврдени се 13 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во земјата достигна 1.399.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 53 излекувани пациенти од новиот тип коронавирус, Ковид-19, со што вкупниот број на излекувани пациенти од вирусот изнесува 553.
Министерството соопшти дека во изминатото деноноќие направени се 289 теста, со што досега во државата извршени се вкупно 15.409 тестирања за Ковид-19.
Според најновите владини мерки за ограничување на движењето на граѓаните во Северна Македонија, полицискиот час е на сила секој работен ден, од понеделник до петок, од 19:00 часот до 5:00 часот наутро.
За време на викендите забраната за движење почнува од 15:00 часот во сабота, и трае до понеделник, до 5:00 часот наутро.