Ekipa
08 Јуни 2021•Ажурирај: 09 Јуни 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 23 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 155.441, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период пријавени се 4 починати лицa, а билансот на починати од вирусот во земјата се искачи на 5.462.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 32 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 149.528.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 451.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.853 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 818.746 тестирања.