Admir Fazlagic
18 Ноември 2020•Ажурирај: 19 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија се регистрирани 1.408 рекордни случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 50.015, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последните 24 часа се починати 21 лице од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати е 1.397.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 937 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 29.583, а бројот на активни случаи изнесува 19.035.
Досега во земјата се направени вкупно 300.200 тестирања на Ковид -19, од кои во последните 24 часа се направени 3.398 тестирања.