Ekipa
18 Мај 2021•Ажурирај: 18 Мај 2021
СКОПЈЕ (АА) - Пратеникот и претседател на политичката партија Левица во Северна Македонија, Димитар Апасиев, денес, во знак на поддршка и солидарност со палестинскиот народ, на говорницата во Собранието на Северна Македонија, излезе со марама која асоцира на марамата „палестинка“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во бомбардирањето на Газа од страна на Израел, деновиве животот го загубија стотици цивили меѓу кои и 40 деца! Кога зборуваме за 40 загинати деца лесно е на бројката да гледаме како на уште само една трагична статистика, но тоа се човечки животи, со своја приказна и не може да се сведат на бројка“, истакна Левица на својот официјален Фејсбук профил.
Во продолжение Левица ги објави имињата и возраста на сите 40 загинати деца и хаштагот #FreePalestine (Слободна Палестина).
Израелската Војска врши воздушни напади врз Појасот Газа од 10 мај, оставајќи зад себе огромно уништување.
Според последните податоци на палестинското Министерство за здравство, во израелските напади врз Газа загинале вкупно 213 лица, меѓу кои 61 дете, 35 жени и 16 постари лица, додека во повредени се 1.442 лица.