Furkan Abdula
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 1.375 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 228.540, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 2 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 8.000.
Институтот за јавно здравје регистрира 217 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 213.722.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 6.818.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 7.188 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.626.464 тестирања.
Детектиран еден случај на флуронМеѓу другото, Министерството за здравство информира дека од страна на ПЗУ Синлаб до Институтот за јавно здравје е доставена информација за детектиран еден случај на флурон, комбинирана инфекција со вирусот на грип и коронавирусот, кај 26 годишен пациент од општина Зајас.
„Според епидемиолошката анкета, пациентот со коинфекција Ковид19/Инфлуенца А, непосредно пред 31.12.2021 година се вратил од САД и според неговите кажувања таму примил вакцина за Ковид 19, односно се ревакцинирал неколку дена пред да пристигне во РСМ. Пациентот е упатен на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика“, соопштија од Министерството.