Husamedin Gina
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се потврдени 101 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 5.106, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, регистрирани се 5 смртни случаи со што вкупната бројка на починати лица од Ковид-19 во земјата порасна на 238.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 22 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупната бројка на оздравени пациенти е 1.926, а во моментов бројот на активни случаи со овој вирус во земјата изнесува 2.942.
Во последните 24 часа се направени 776 тестирања за Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања за овој вирус.