Admir Fazlagic
25 Февруари 2021•Ажурирај: 26 Февруари 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија се регистрирани 582 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот во земјата се искачи на 101.214, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 13 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.111.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 374 оздравени пациенти од Ковид-19, вкупно 90.685 оздравени од почетокот на заразата.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 7.418.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.972 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 512.692 тестирања.