Ahmet Gençtürk
19 Ноември 2021•Ажурирај: 20 Ноември 2021
АНКАРА
Најмалку 7 мигранти загинаа во североисточна Грција кога минибус кои ги превезувал, направил судир, објавија локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Возилото кое превезувало 15 лица се движело по Автопатот „Игнација Одос“ од североисточната граница на земјата со Турција кон северниот пристаништен град Солун, кога направил судир по полноќ“, соопшти грчката државна телевизија ЕРТ, цитирајќи ги локалните полициски извори.
„Полицијата соопшти дека возилото се движело со голема брзина и дека возачот, за кого се мисли дека е шверцер на луѓе, изгубил контрола додека се обидувал да излезе од автопатот, удирајќи во патарина, а потоа во контејнерот за складирање до него“, соопшти ЕРТ.
Жртвите од судирот беа пренесени во државните болници во североисточните провинции на Комотини и Ксанти, меѓу кои 8 лица, од кои еден е возачот, кои биле повредени.
„Спроведена е прелиминарна истрага за несреќата“, додаде ЕРТ.