Bojana Stojanovic
24 Март 2021•Ажурирај: 25 Март 2021
БЕЛГРАД
Познатиот актер од Србија, Власта Велисављевиќ почина денес во Белград од последици на коронавирус во својата 95. година, јавува Агенција Агенција (АА).
Со 94 години кои ги наполни минатото лето, тој стана најстариот активен српски актер, пренесуваат белградските медиуми.
Тој пред десет дена поради заразување со коронавирус беше сместен во Клиничко-болничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, каде беше приклучен на респиратор.
За својата работи доби голем број признанија, а има одиграно околу 350 улоги во театар, на филм и во серии.
Повеќе од 1.600 пати играл само во претставата „Бубачка во уво“.
Тој беше доживотен почесен член на Југословенскиот драмски театар.