Gorana Jakovljevic
01 Ноември 2024•Ажурирај: 01 Ноември 2024
НОВИ САД (АА) - Во Нови Сад, Србија, денес се урна дел од железничката станица, а на терен се голем број пожарникари, полицајци и екипи за итна помош, јавува Анадолу.
Српските медиуми објавија дека се стравува од можноста да има повредени и настрадани при уривањето.
Од итната помош велат дека не можат да зборуваат за бројот на повредени и за степенот на повредите, бидејќи интервенциите се во тек.
Околу 12 часот се урнал дел од натстрешницата над влезната врата на зградата на станицата.