Lejla Biogradlija
11 Јули 2021•Ажурирај: 11 Јули 2021
Денес ќе бидат закопани уште 19 жртви од геноцидот што се случи во јули 1995 година во Сребреница, Босна и Херцеговина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џеназе-намазот за жртвите ќе се клања на гробиштата во Поточари, а пред џеназе-намазот, во Комеморативниот центар во Сребреница ќе се организира комеморативна програма по повод 26-годишнината од геноцидот.
Најмладата жртва што ќе биде закопана денес е 16-годишно момче, додека најстарата жртва е 63-годишно машко лице.
Инаку, Бошњаците кои биле убиени во овој период, биле закопани во масовни гробишта. По војната, започнати се операции за наоѓање на труповите на убиените лица, додека откриените безживотни тела, по извршената идентификација, на 11 јули секоја година се закопуваат во гробиштата во Поточари.
По овогодинешната церемонија, бројот на закопани жртви во овие гробишта ќе се зголеми на 6.671.