16 Март 2025•Ажурирај: 17 Март 2025
Во врска со повредените во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани се зголеми на 59, а повредени се 155 лица, се обрати и министерот за здравство Арбен Таравари, известува Анадолу.
Министерот Таравари информираше дека во болниците во земјава се хоспитализирани 118 лица повредени во пожарот што избувна во дискотеката во Кочани. Тој соопшти дека 18 од повредените се во критична состојба.
Таравари соопшти дека повредените во пожарот се хоспитализирани во Клиничкиот центар во Скопје, ГОБ „8 Септември“, старата Градска болница во Скопје, во Клиничката болница во Штип и болницата во Кочани.
„Тоа што е најбитно, нема пациент што не е хоспитализиран и што не е сместен низ болниците во државата“, рече Таравари.