Shpetim Hiseni
25 Септември 2026•Ажурирано: 25 Септември 2026
Паметниот систем „Безбеден град“ (Safe City) од 12 октомври ќе почне да се применува и на територијата на СВР Охрид, односно во Охрид, Дебар, Кичево и Струга, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пренесува Анадолу.
При посета на СВР Охрид и Регионалниот центар Запад, Тошковски рече дека подготовките се во завршна фаза и дека во текот на следните две недели се очекува да завршат преостанатите активности поврзани со командниот центар и имплементацијата на системот.
Тој посочи дека „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава по што следувал период на адаптација од два и пол месеци, во кој граѓаните биле известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот бил тестиран и унапредуван.
Според Тошковски, во споредба со истиот период минатата година, бројот на повредени лица во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, додека се регистрирани 34 жртви помалку.