Sibel Vezaj
31 Март 2018•Ажурирај: 01 Април 2018
ПРИШТИНА (АА) - Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, побара од надлежните институции истрага и писмен извештај за настаните околу приведувањето, поништување на дозволите за престој и депортација на шест турски државјани, припадници на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ, од Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Харадинај, врз основа на уставните и законските надлежности, денес свика редовен состанок на Советот за безбедност на Косово, на кој се дискутираше за општата ситуација на безбедност на земјата.
По овој состанок, Харадинај истакна дека денес одлучил да побара истрага и извештај од сите механизми кои биле вклучени во депортација на шесте турски државјани од Косово во Турција.
„Побарав од надлежните институции, истрага и писмен извештај за настаните околу приведувањето, поништувањето на дозволите за престој, и итната и тајна депортација на шесте турски државјани“, рече Харадинај.
Харадинај нагласи дека Косово е мирна и стабилна земја, рече дека е доста важно да не се повторуваат вакви случаи без известување на лицата кои се на чело на државата.
„Побарав Косово веќе да не биде изненадено, ниту тие кои донесуваат одлуки, никогаш да не се повтори една практика каде се случуваат вакви случаи без известување, без дозвола на оние кои донесуваат одлуки, во случајот претседателот на Владата. Имаме таква согласнот од сите“, рече Харадинај.
На новинарското прашање околу неговата одлука за барање за отстранување од функција на министерот за внатрешни работи, Фламур Сефај и директорот на Косовската агенција за разузнавање (АКИ), Дритон Гаши, Харадинај истакна: „Директорот на АКИ, и министерот за внатрешни работи ја изгубија мојата доверба, бидеќи не ми веруваа мене или за одредена причина не мислеле да ме информираат за ова што се случи. Затоа побарав нивно отстранување“.
Потсетувајќи дека назначување на директор на АКИ се врши со заедничка одлука на премиерот и претседателот на земјата, Харадинај беше запрашан дали се во согласност со претседателот за отстранување од функција на директорот на АКИ.
„Назначување на директорот на АКИ се врши заеднички, со два потписи, како што ми потврдија, а процедурата на разрешување треба да се види која е, но тој ја загуби мојата доверба. Тој не ме информираше за овој процес“, одговори Харадинај, и додаде дека во овој случај претседателот ќе го даде своето мислење.